Луѓето кои зе занимаваат со екологијата се нарекуваат еколози и тие работат за да ги објаснат:
- Животните процеси и адаптации
- Распространетоста и бројноста на организмите
- Движењето на материите и енергијата во заедниците
- Сукцесивниот развој на екосистемите и
- Изобилството и поделбата на биодиверзитетот во контекст на животната средина
Екологијата е исто така и наука за човекот. Практичната примена на екологијата е во заштита и зачувување, управувањето со водите и водните станишта, управувањето со природните ресурси (агроекологија, земјоделство, шумарство, агрошумарство, рибарство), просторно планирање (урбана екологија), здравството, економијата, основната и применетата наука и социјалната комуникација на луѓето (антропогена екологија)
No comments:
Post a Comment